Поднесено обвинение против компанијата „Беса Транс“ и управителот

t

Од Обвинителството информираат дека по спроведена опсежна претходна постапка и направените детални проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело – Фалсификување исправа. Станува збор за компанијата „Беса Транс“.

-Обвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа – Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини.Со опишаните дејствија обвинетиот сторил кривично дело – Фалсификување исправа по чл. 378 ст.3 вв со ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик, а правниот субјект сторил кривично дело – Фалсификување исправа по чл. 378 ст. 4 вв со ст.3 вв со ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик.

Прибраните докази во текот на претходната постапка, кои се однесуваат на постапувањето на царинските службеници на граничните премини задолжени за контрола на изводите од лиценци, Основното јавно обвинителство Скопје ќе ги достави на надлежно постапување на Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, велат од Обвинителството.

Инаку во автобус на „Бeса Транс“ кој на враќање од Истанбул се запали и изгоре на автопатот Струма во Бугарија на 23 ноември минатата година загинаа 45 патници. Меѓу загинатите имаше 12 деца, а седуммина ја преживеаја оваа несреќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…

Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…

ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…

„Њујорк тајмс“ за студентското движење во Србија:…

Студентското движење во Србија успеа да го…

Јанаки: Домашно воспитување луѓе, отидовме јабана!

СЕ Е ДО ДОМАШНОТО ВОСПИТУВАЊЕ!!!! Не случајно…

САД ги предупредија своите државјани и туристи…

Амбасадата на САД во Софија, денеска издаде…