Бугарија ќе ѝ помогне на Македонија со електрична енергија
Многу брзо одговоривме на апелот за помош од Македонија за решавање на предизвиците со кои се соочува земјата во енергетскиот сектор. Разговаравме за конкретни можности за пренос на електрична енергија и природен гас, како за потребите на индустријата, така и за граѓаните на PM.
Ова го изјави бугарскиот премиер Галаб Донев на заедничкиот брифинг со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, кој отпатува во еднодневна посета на Софија.
Донев појасни дека со Ковачевски разговарале за соработката во однос на обезбедување електрична енергија за РМ да го покрие периодот до 31 март 2023 година. Била посочена количината од 200 мегават часови без да даде дополнителни детали дали се работи за месечен промет или некој друг период.
Од среда мешовита работна група ќе почне да работи на склучување договор во областа на електричната енергија, потврди Донев, како што рече и Ковачевски.
Тој најави и дека двајцата договориле и продлабочување на меѓусебната соработка во сите области од заемен интерес, како и сите договори за протоколите на Меѓуресорската комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…