Грозоморни детали: 11-годишното девојче од Приштина било силувано повеќе од една година!

t

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, изјави дека 11 годишното девојче не е силувано само во текот на јуни и август годинава, туку многу подолго, односно силувано е повеќе од една година, пренесуваат косовските медиуми.

Според Свечља, одговорните институции не ја заштитиле жртвата, но тој вели ќе бидат утврдени сите пропусти, а одговорните ќе бидат казнети.

На 27 август во јавноста излезе информацијата дека пет лица од Приштина, од кои двајца возрасни и тројца малолетни силувале девојче цели седум часа.

Како што пишуваат медиумите од Косово, еден од обвинетите имал извршено и други тешки кривични дела.

26-годишниот Екрем Реџепи веќе ѝ бил познат на полицијата затоа што е осомничен за уште неколку кривични дела.

Како што објави „Коха“, против него досега се поднесени дури девет обвиненија. Реџепи е обвинет за кривични дела „тешка кражба“, „шумска кражба“ и „семејно насилство“, но и покрај тоа не завршил во затвор.

Поради овој немил настан, низ улиците на Приштина се одржаа неколку протести, барајќи од надлежните институции да ги осудат сторителите на ваквото ужасно дело. Со извици „Отстранете ги патријархалните судии и обвинители“, „Нема повеќе“, „Веќе не можеме“, стотици граѓани по втор пат за седум дена се собраа во Приштина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

24 години затвор и хемиска кастрација за…

Кинески студент кој дрогирн силувал десет жени…

Хорор во Куманово: Татко ја силувал малолетната…

Жител на кумановско село e пријавен во…

Дедо-монструм, кој ги силувал внуците оставени кај…

77-годишен маж чиј идентитет не се открива…

Ужас во Скопје: Малолетник силувал 14-годишник

Татко пријавил дека малолетник извршил обљуба врз…

Албански државјанин се обидел да силува жена…

Дебарското одделението за внатрешни работи поднесе кривична…