Левица поднесе кривична пријава против двајца прирпадници на затворската полиција за настаните на Илинден

t

Левица информираше дека нејзиниот правен тим поднел претставка до Одделот за внатрешна контрола при МВР против АФРИМ ЈУСУФИ, помошник началник во СВР Битола, за како што велат од партијата, „организирано малтретирање на обични граѓани на прославата на Илинден“.

-Дополнително, поднесена е кривична пријава против ДРАГАН ЃУРИЌ и ЉУПЧО КУЗМАНОВСКИ – припадници на Затворска полиција од КПД Прилеп и КПУ Идризово. Имено, Ѓуриќ, Кузмановски и Јусуфи координирано им даваа наредби на полициските службеници, но и директно на граѓаните, коишто мирно го изразуваа својот протест да се турнат и повлечат назад. Со тоа, тие прекршија низа уставно загарантирани слободи и права на граѓаните – право на собир, изразување на мирен јавен протест, слобода на мислата и право на јавно изразување на мислата, соопштија денес од партијата.

Левица претходно поднесе кривична пријава против началникот на СВР Битола, БЕНИТО ЈОШЕВСКИ, поради како што велат од партијата, „насилнички им ги одзел транспарентите на активистите на Левица“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…

Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…

Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…

Благодарение на силниот и истраен притисок од…