Ванковска: Опозицијата може да го раскине Договорот со Бугарија ВЕДНАШ штом дојде на власт – Бараат да гласаме ЗА наместо ПРОТИВ
Професорката Билјана Ванковска ја коментира одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да се распише референдум за Договорот за добрососедство со Бугарија, донесена на седница на Извршниот комитет вчера вечер, а ја соопшти Христијан Мицкоски.
Во продолжение коментарот на Ванковска:
– “Референдум – да! Но, не за прашање кое не бара поголем политички и правен напор и кое е во рацете на владата. Прочитајте го Договорот со Бугарија да видите дека опозицијата ќе може да го раскине ВЕДНАШ штом дојде на власт. И сега бараат од нас да гласаме ЗА (наместо ПРОТИВ) на прашање кое е “као киша око Крагујевца”.
Договорот со Бугарија можеби беше/е коренот, но во меѓувреме стеблото беше калемено и почна да дава “француски/европски” плодови кои не беа содржани во оригиналниот договор. И сега се дел на преговарачката рамка.
Референдумот требаше да се однесува на одлуката на Парламентот од јули оваа година!
Не знам како можеше ДПМНЕ да донесе ваква одлука кога во своите редови ја има професорката Силјановска, која веројатно не е ни консултирана.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Србија е можно да има референдум…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност…
Нема веќе нов договор: Мицкоски нема ни…
„Оваа егзибиционистичка и лоша политика која ја…
Апсиев: Oва враќање на иницијативата од Џафери…
Иницијативата не е одбиена. Значи, ова не…
(Видео) “Дали сте за продолжување на преговорите…
Политичката партија Левица вчера до Собранието ја…
4 години од неуспешниот референдум за промена…
На 30 септември 2018 година беше одржан…