Матичните лекари и денеска штрајкуваат: Се примаат само итни случаи
И денеска продолжува родолжува протестот на матичните лекари, причина за протестот како што наведуваат дека е тоа што не се исполнети нивните барања.
Незадоволните лекари уште на почетокот на годината истакнаа низа на барања, а главно е зголемување на капитациониот бод. Претходно, министерот за здравство Беким Сали изјави дека не го поддржува најавениот штрајк, а се противи и дел од фелата.
Преземавме мерки навремено, ги информиравме пациентите. Немало проблеми и немало реакции од пациентите. Ги услужуваме колку што можеме, изјави д-р Лилија Чолакова – Дервишова, претседателката на Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) за протестот на матичните лекари.
Таа информира дека имале многу средби со министерот за здравство, Беким Сали, но без решенија.
-Очекуваме многу и сакаме многу нешта да промениме со него. Што се однесува до колегите што не нѐ подржаа, тоа е многу мала бројка, на една рака се бројат. Не сакам да коментирам ставови на други здруженија, но нашето здружение 30 години функционира и се бориме со сите досега, рече Дервишова-Чолакова во вестите на Сител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетовските медицински сестри три месеци без плата…
Десетици медицински сестри и техничкиот персонал од…
Филипче: Нема никакво вработување на 600 лекари,…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека…
Бајден откри кога би се повлекол од…
Во последните недели, се поголем број демократи…
Тасевски: Контрола на летање ќе штрајкува на…
Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска…
Обвинителствата: Услови како да се вработуваат во…
Несериозниот пристап кон проблемот со платите на…