СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ избегаа, не гласаа во Собранието, сега одговорноста им ја префлат на членовите на партијата
Христијан Мицкоски повеќе не знае што да направи за да си ја задржи разнишаната фотелја во Белиот дворец, откако му пропаднаа сите лаги и обиди блокирање на европската иднина на државата, вели СДСМ.
„Му се изјаловија најавите за бугаризација и асимилација, му пропаднаа сценаријата за дестабилизација, не усепаја обидите за блокада, остана сам со проруската Левица и партнерот Апсиев, против ЕУ. Колкаво е лицемерието и неискреноста на Мицкоски потврдуваат неколку факти:
1. Токму Христијан Мицкоски го поддржа Договорот со Бугарија на средба со поранешниот премиер Борисов, и тоа на чист бугарски јазик.
2. Иако Договорот е ратификуван пред 4 години Мицкоски дури сега го прави овој очаен чекор затоа што му се тресе фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ.
3. Проевропското крило во ВМРО-ДПМНЕ стаува се посилно, не се согласува со Мицкоски и сака да продолжи европскиот пат на земјата.
4. Мицкоски бараше референдум и за Преспнаскиот договор, потоа го бојкотираше и на крај рече дека го прифаќа.
5. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски не гласаа во македонското Собрание туку избегаа, сега сакаат одговорноста да им ја префлат на членовите на партијата.Референдум против членство во ЕУ, против македонски јазик во Унијата, нема поддршка од граѓаните, нема поддршка од опозициските партии и нема да успее.Државата нема да застане. Мицкоски не може да ја закочи ниту да ја спречи европската иднина“, се вели во соопштнеието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници…
Со нови проекти, нови производствени капацитети и…
СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…
Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…
Савески да постапи по кривичните пријави од…
Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…
СДСМ побара анализи за водата во Гостивар,…
Откако СДСМ побара да се објават анализите…
ВМРО-ДПМНЕ: За две години просечната плата е…
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води одговорни економски…