Владата преку оглас му бара наследник на државниот правобранител Фехми Стафа

t

Владата преку оглас му бара наследник на неодамна разрешениот државен правобранител Фехми Стафа.

Тој беше разрешен од функцијата на владина седница на 23 август годинава.

Но, местото на Државниот правобранител Стафа остана празно. Сега Владата распишала оглас за именување на нов државен правобранител на земјава. Огласот ќе трае се до 12 септември, односно до понеделник идната недела.

Како што стои во огласот, за државен правобранител на Република Македонија, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови: да е државјанин на Република Македонија, да е дипломиран правник со работно искуство на правни работи најмалку осум години по положен правосуден испит и да ужива углед за вршење на функцијата.

„Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во член 20 став 1 од Законот за државното правобранителство, пријавата со потребните документи во оригинал или копија заверена на нотар, да ги поднесат до архивата на Владата или по пошта. Оваа одлука ќе се објави и во: „Службен весник“ и во три дневни весници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ