(Видео) Во Бердијанск експлодирал автомобилот на сепаратистичкиот лидер Артем Бардин

t

Во Бердијанск, окупиран приморски град на југоистокот на Украина, експлодирал автомобилот на сепаратистичкиот лидер Артем Бардин, објавија сепаратистите.

По експлозијата на автомобилот дошло до пукање. Бардин е хоспитализиран во тешка состојба.

Сепаратистичката и проруска администрација на Бердјанск појасни дека при експлозијата биле оштетени и три паркирани автомобили, во кои немало никој.

Руската војска го окупирала Азовскиот дел од областа Запорожје и целиот Херсонски регион, како и градовите Херсон, Мелитопол и Бердјанск.

Во двата региони се формирани проруски администрации, а нивните претставници најавија планови за одржување референдум за приклучување кон Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Либија се заканува: „Ќе се одмаздиме“! Дали…

Двајца либиски поморски офицери им подлегнаа на…

Зетот на Трамп тврди дека Путин дал…

Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд…

Руте: Притисокот на Трамп врз Путин функционира…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, го…

Кошта и Фон дер Лајен: Проширувањето е…

Геополитичката состојба ја нагласува потребата од сè…

Аракчи тврди дека Тел Авив сака да…

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи,…