„Газпром“: Кина ќе го плаќа рускиот гас во јуани и во рубљи

t

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ соопшти дека со Кинеската национална нафтена корпорација потпишал договор со којшто се предвидува постепено преминување на плаќање за руски гас во јуани и во рубљи, наместо во долари.

Можноста за плаќање во рубљи и во јуани ќе биде корисна и за „Газпром“ и за Кинеската национална нафтена корпорација, смета извршниот директор на руската компанија Алексеј Милер.

Тоа ќе ги поедностави сметките, ќе биде одличен пример за други компании и ќе пружи дополнителен поттик за развој на нашите економии – додаде Милер.

Кон крајот на март, рускиот претседател Владимир Путин одлучи европските купувачи да го плаќаат гасот во рубљи. Одлуката следуваше откако Западот воведе опсежни санкции против Русија поради нејзината воена операција во Украина, исклучувајќи бројни руски банки од глобалниот систем СВИФТ.

Русија веќе некое време настојува да ја намали употребата на доларот, еврото и на други валути во банкарскиот систем и во трговијата, а процесот се забрза по воведените санкции.

Во февруари, пред војната во Украина, Русија со Кина договори значително проширување на договорот за снабдување со гас во вредност од 37,5 милијарди долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…

Франција го блокира пристапот до израелските штандови…

Франција го блокираше пристапот до штандовите на…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…