Семејствата тврдат: Руски затвореници исчезнуваат од затворите
Роднините на затворениците кои затворската казна ја отслужуваат низ руските затвори обвинуваат дека во јули годинава биле регрутирани за да се приклучат на озлогласената приватна паравоена група Вагнер, за која се вели дека ја води блискиот соработник на Путин, бизнисменот Евгениј Пригожин, пренесува независната информативна страница IStories.
Во меѓувреме, на , онлајн телевизискиот канал Vot Talk цитираше затвореници во казнената колонија во градот Батајск, во Ростовската област на југот на Русија, кои рекоа дека самиот Пригожин пристигнал во затворот со хеликоптер и се сретнал со затворениците.
Многумина аналитичари сметаат дека регрутирањето на затвореници од руските затвори е дел од поширока кампања за регрутирање што е можно повеќе луѓе и со тоа зголемување на бројниста и поплнување на дупките на недостаток на војници кои се борат во Украина .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…