(Видео) Полициски хеликоптер го надлетува Скопје нон-стоп – еве што се случува во главниот град

t

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, која ќе престојува во официјална дводневна посета на Република Македонија.

Како што најавија од претседателскиот кабинет, словачката претседателка ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба меѓу претседателите и пленарен состанок на делегациите.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателката Чапутова и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Исто така, претседателката Чапутова и словачката делегација на платото пред Владата на Република Северна Македонија ќе ги пречека и премиерот Димитар Ковачевски.

Според агендата, после пречекот, премиерот Ковачевски и претседателката Чапутова ќе имаат билатерална средба со членовите на двете делегации.

По тој повод во овие моменти над Скопје полициски хеликоптер го надлетува градот и се фокусира на вилата на Водно.

Дел од прелетот проследете го во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…

Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…

Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…

Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…

Путин ја презема одговорноста за нападите на…

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…

Oбид за убиство во гостиварско Чегране

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

Димовски: Србија го следи примерот на македонската…

Политичките случувања и протестните движења во Србија…