Петровска: Македонија како најмлада земја членка на НАТО знае дека најдобриот пат напред е кога чекори заедно со сојузниците

t

Ширењето лаги е секогаш најлесниот пат по кој може да се допре до јавноста и да се влијае до неа, а ефектите од тие лаги се погубни. Огромна е одговорноста на НАТО-комуникаторите во оваа војна да ја извојуваат победата на вистината и праведноста и трајните цивилизациски вредности, кажа министерката за одбрана Славјанка Петровска во обраќањето на отворањето на НАТО – Конференцијата за комуникатори, чиј домаќин оваа година по прв пат е Македонија.

Според неа, најважната силна политичка порака од овој форум е дека НАТО е Воено-политички сојуз кој е буден и ги следи безбедносните предизвици од сите аспекти. Ги следи, реагира, но и се менува.

– На сите вам ви е добро позната воената доктрина која гарантира успех, а предвидува четири инструменти на национална моќ, а тие инструменти се информација, економија, дипломатија и војска. Вие, нашите НАТО-комуникатори држите еден од четирите инструменти на моќ во вашите раце. Во вашите раце се информациите и ракувањето со нив е од огромно значење. Секој од вас присутен овде, а ве има од речиси сите сојузнички земји треба беспрекорно да ја заврши својата улога и на крај заеднички уште еднаш да кажеме дека НАТО, 73 години по неговото основање останува најмоќната Алијанса водена од вистинските вредности, а тоа се индивидуалната слобода, демократијата, човековите права и владеењето на правото, нагласи министерката Петровска.

Таа нагласи дека е потребно пораките на НАТО да допрат до сите, дека, пред сè, веруваме во мир, но дека сме цврсто решени да го заштитиме нашиот суверенитет, демократии и нашата слобода, а Македонија, вели, како најмладата земја членка знае дека најдобриот пат напред е кога чекори заедно со своите сојузници и истомисленици, ги користиме придобивките, но и придонесуваме кон колективните цели на Алијансата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…

Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…

Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…

„Путин нè тестира и нè приближува до…

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…