Заглавен предметот за бонусите на обвинителите од поранешното СЈО
Заглавен е предметот за високите бонуси кои ги делеле обвинителите и вработени во поранешното Специјално јавно
обвинителство (СЈО) за кои пред повеќе од една година предистрага отвори Основното јавно обвинителство (ОЈО) за
гонење на организиран криминал и корупција.
Шефицата на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска на прашање на еМагазин до каде е
предистрагата, вели дека тие се уште од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески го чекаат класифицираниот
извештај за платите и додатоците на обвинителите од поранешното СЈО, кој тој го добил од Државниот завод за ревизија, според процедурите и хиерархијата.
Имено како што објави Државниот завод за ревизија во септември 2020 година исплатите на дополнителни надоместоции
кои им се исплаќале на вработените во СЈО од страна на поранешната шефица, Катица Јанева, осудена за предметот
„Рекет“, биле означени како класифицирани информации.
Извор: Е-магазин
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ученичка била физички малтретирана од нејзината мајка,…
На 18.11.2026 во 11:30 часот во СВР…
Сајбернапади кај надворешни добавувачи на „Џеј Пи…
„Џеј Пи Морган Чејс“, „Виза“ и „Мастеркард“…
„Аксиос“: Трамп разгледува нов напад врз Иран,…
Белата куќа побарала од Пентагон и од…
Надлежните одржаа координативен состанок за решавање на…
Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,…
Мицкоски: Македонија е на иста маса со…
Премиерот Христијан Мицкоски даде изјава од Берлин,…