Бугарски митрополит ги нападна луѓето што дипломирале на Запад: Ги презираат Бугарите
Пловдивскиот митрополит Николај, на крајот од литургијата за Денот на обединувањето, остро ги нападна дипломираните во странство, кои по враќањето од студирање во странство се однесувале со презир кон народот во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија. Во знак на несогласување, демонстративно си заминаа кандидатите за пратеници од „Продолжуваме со промената“ на поранешниот премиер Кирил Петков, кој присуствуваше на литургијата.
Според Николај, оние кои дипломирале во странство се враќаат во Бугарија и излегува дека, покрај знаењето, усвоиле и презир кон татковината, непочитување на родителите, екстремен индивидуализам, материјализам, себичност и згора на тоа, тие се подготвени на сила да го наметнат она што го научиле, со методите на инквизиција.
Дипломирани студенти на престижни универзитети на Запад зборувале за политика, но во пракса, според митрополитот на Пловдив, тие се однесувале како религиозни фанатици, исповедајќи некоја религија на омраза.
По овие зборови кандидатите за пратеници на „Продолжуваме со промената“ ја напуштија црквата Света Богородица во Пловдив и во неа остана само Никола Минчев. Говорот на Николај предизвика бран на огорченост на социјалните мрежи во Бугарија и осуда на ставот на бугарскиот митрополит против оние кои го следеа и го завршија своето високо образование на Запад.
Превод: Сител ТВ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…
Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…
Румен Радев ја повика Европа на дијалог…
Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…