Американската и руската амбасада во Македонија ни го честитаа Денот на независноста

t

Амбасадите на САД и на Русија во Македонија го честитаа 8 Септември-Денот на независноста на Република Македонија.

“Од сите нас во Амбасадата на САД, испраќаме најубави желби за 31-годишнината од вашата независност. Среќен ден на независноста! Urime Dita e Pavarësise!”, напишаа од американската амбасада.

Од руската амбасада нагласија дека овој ден е симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ:

“На овој значаен и историски ден пред 31 година граѓаните на Македонија се определија за суверена, независна и самостојна држава! Оттогаш 8 септември стана симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ!

Нека е честит 8-ми Септември, Денот на независноста!”, напишаа од руската амбасада на Фејсбук.

Лнкови од објавата на американската и руската амбасада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американската војска тестирала 50 функционери на детектор…

Некои од највисоките американски воени функционери биле…

Италијански весник: САД тајно ја убедуваат Бугарија…

Соединетите Американски Држави „преку таен канал“ ја…

Белата куќа на сајтот објави видео-игри, во…

Белата куќа на својот официјален сајт претстави…

Русија произвела само 14 борбени авиони од…

Во првите осум месеци од 2026 година,…

Кадиров повторно се заканува со освојување на…

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри…