Една година од трагедијата во тетовската модуларна болница
Додека Македонија славеше 30 години независност, никој не претпоставуваше дека овој ден ќе биде запаметен по една од најголемите трагедии во поновата историја.
Веста дека во тетовскиот монтажен ковид центар горат живи луѓе, одекна во вечерните часови. Неколку минути подоцна од објектот остана само пепел, а огнот однесе 14 човечки животи. Многу се спасија скокајќи од прозорците.
Снимките подоцна покажаа дека тие имале само 3 минути да се спасат, сведоштвата пак потврдија дека во објектот немало ниту апарат за гаснење пожар, ниту грижа и почитување на основните ковид протоколи.
Два дена по несреќата министерот Филипче и неговиот заменик Хасани поднесоа оставки од морални причини
Но Филипче и Хасани останаа на функциите. Тогашниот премиер Заев не ги прифати нивните оставки, со став дека за трагедијата не е потребна менаџерска и морална одговорност, видејќи не било работа на министрите да контролираат дали и како во монтажните центри се користат продолжени кабли. Ваквиот чекор предизвика бројни реакции во јавноста која бараше човечка, а не техничка одговорност.
1 година подоцна, остатоци од болнични кревети, медицинска опрема, парчиња облека се уште сведочат за ужасот низ кој минувале загинатите, но се уште нема одговори што точно се случуваше ноќта на 8-ми септември.
Првичната истрага покажа дека пожарот го предизвика продолжен електричен кабел на кој биле приклучени апарат за реанимација, мобилен телефон и електричен апарат. Во истрагата се вклучија и германски експерти, но нивниот извештај никогаш јавно не беше објавен
На почетокот на август тетовските обвинители го поднесоа обвинението според кое двајцата поранешни менаџери на болницата и еден доктор се товарат за тешки дела против опшатата сигурност и непостапување по здравствени прописи за време на епидемија, но нема детали на кој начин ги сториле кривичните дела за кои се предвидени казни до пет години затвор.
Пред два дена тетовскиот суд имаше прв неуспешен обид да го стартува судењето, на кое се појави само поранешниот директор Флорим Бесими, брат на актурелниот министер за финансии. Пред камерите рече дека не чувствува вина, но тоа ќе го докажува на 14 ноември за кога е закажано ново рочиште.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…