Објавено на:

Путин му посака добро здравје на Ким Јонг Ун: Имаме плодна соработка на различни полиња

t

Во петокот, рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма со честитка на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по повод 74-годишнината од основањето на Северна Кореја, во која изразува уверување дека соработката меѓу двете земји ќе послужи за доброто и стабилноста во регионот на североисточна Азија, известува Централната телеграфска агенција на Северна Кореја (CTAC).


Претседателот на Руската Федерација изрази „искрени честитки“ за годишнината од основањето на републиката и истакна дека Северна Кореја и Руската Федерација традиционално одржуваат пријателски добрососедски односи и имаат акумулирано „значително искуство за плодна соработка на различни полиња“.


„Сигурен сум дека со заеднички напори ќе обезбедиме понатамошен развој на целиот опсег на конструктивни билатерални врски – за доброто на нашите народи, во интерес на зајакнување на безбедноста и стабилноста на Корејскиот Полуостров и во Североисточна Азија во целина. “, рече Путин.


Тој, исто така, му посака на Ким Џонг-ун „добро здравје и успех“ и мир и просперитет на граѓаните на Северна Кореја.

Формирањето на Северна Кореја беше прогласено на 9 септември 1948 година; овој датум секоја година се слави на северот на Корејскиот Полуостров како државен празник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…