СДСМ: 31 година сме на страната на државноста и националните интереси
„31 година СДСМ е на страната на државноста, на напредокот, на страната на државните и национални интереси. Од процесот на создавање независна држава, меѓународно признавање, преку кандидатски статус, решавање на споровите со соседите и реализирање на стратешката цел, членство во НАТО, па се до почетокот на преговори со ЕУ оваа година. Сето тоа се успеси на државотворната СДСМ“, соопштија утрово од Бихаќка.
„Денес, конечно, по 17 години во чекалната, успеавме и го направивме клучниот чекор од нашата последна етапа во евро-интеграциите. Започнавме преговори со ЕУ за полноправно членство, со чист македонски јазик, со сочуван македонски идентитет и посебност.
СДСМ го имаше товарот да се носи со едни од најтешките глобални предизвици. Прво со надминување на последиците од пандемијата со коронавирусот а потоа и со решавање на најголемата економска и енергетска криза што последните неколку месеци ја тресе цела Европа и светот.
Сега пред нас повторно е сериозно тежок период, но ние сме подготвени. Со одговорен и ефикасен пристап, го зголемуваме домашното производство на струја со цел таа да биде постојано достапна за домаќинствата, стопанството и за јавните установи.
Цената на електричната енергија за домаќинствата ја субвенционираме во висина од 80 отсто и така ќе продолжиме. Обезбедуваме струја, но и храна, во кризниот период да има доволно и постојано и за граѓаните и за стопанството.
Веќе со септемвриската плата обезбедуваме повисоки месечни примања за вработените во образованието, детската заштита, одбраната, полицијата, а следува и рекордно зголемување на пензиите на над 320.000 пензионери согласно новата методологија договорена со здруженијата на пензионерите.
Ова се само дел од мерките кои имаат за цел заштита на животниот стандард на граѓаните во време на криза.
Како одговорна партија, продолжуваме со вистинска грижа за сите во услови на најтешка економска и енергетска криза по Втората светска војна“, додаваат оттаму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…
СДСМ нема да биде алиби на власта…
Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…
Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…
Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…
СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…
Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…
Савески да постапи по кривичните пријави од…
Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…