Левица: ПОДДРШКА ЗА ВУЧЕВСКИ КОГО СДС И ДУИ ГО ГОНАТ ДЕКА Е ВИНОВЕН ЗА ГОРЕЊЕТО НА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО
Една година помина од трагедијата и пожарот во модуларната болница во Тетово.
Не е крив тој што ја изгради бараката, што се нарече модуларна болница, а која изгоре како кибрит за неколку минути, туку крив е д-р. Бобан Вучевски⁉️
Не е крив тој што наплати над 3 милиони евра за 17 модуларни болници, при што фиктивно над 200 илјади евра чини една болница, а реално вредноста не е поголема од 30тина илјади евра, крив е д-р. Бобан Вучевски⁉️
Не е крив тој што ја пуштил оваа модуларна болница во употреба, знаејќи дека не ги исполнува условите пропишани со закон, крив е д-р. Бобан Вучевски⁉️
Крив е д-р. Бобан Вучевски што несебично спасуваше животи за време на пандемијата. Неговата пожртвуваност, храброст и хуманост спаси небројни животи.
Зошто овој пред се’ голем човек и одличен доктор е обвинет за горењето на модуларната болница во Тетово?
Каква вина носи д-р. Бобан и со што придонел за горење на “кабелот”?
Поради тоа што е доктор и се грижеше за пациентите болни од Ковид19. Каква поврзаност има неговата грижа за пациентите со горење на кабелот?
Парадоксално на сето ова е што обвинение за Кочо Анѓушев, човек кој ги градеше модуларните болници нема!
Парадоксално на сето ова е што обвинение против поранешниот министер за здравство Венко Филипче нема!
Па така наместо ПРИЗНАНИЕ за неговиот труд, д-р. Бобан Вучевски доби обвинение.
Во оваа држава се’ е можно!
Поддршка за д-р. Бобан Вучевски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепале, ја снимале и ѝ ги…
Две малолетнички од Скопје се приведени откако,…
Од 24 на само 4 степени во…
Голем температурен пад за само 24 часа…
Трамп за денешниот инцидент во европска земја:…
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд…
УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Св. Архангел Михаил…
Архангел Михаил е водачот на небесните војски…
Трамп ја опиша атмосферата од средбата со…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…