Ердоган: Ќе побарам да се овозможи извоз на руски производи
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека ќе бара руските производи да бидат испорачани преку Црноморскиот коридор воспоставен со договорот постигнат со посредство на ОН, кога ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин следната недела, објави ТВ Хабертурк.
Ердоган на новинарите во авионот, при враќањето од посетата на Балканот, изјави дека извозот на руски житарки и други производи ќе им помогне на сиромашните земји кои се во тешка ситуација, пренесе Ројтерс.
Договорот, кој има за цел да помогне во извозот на украинска и руска храна и ѓубрива на светските пазари, беше потпишан на 22 јули во Истанбул, со посредство на ОН и Турција,пренесе Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таткото на Кристијан Корабоски ќе се гони…
Основото јавно обвинителство во Охрид презема дејствија…
Путин: Европејците мора да дојдат во Москва…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека европските…
Костовски: Нема да отстапам од борбата против…
Борбата со бандити не е меѓуетничка борба.…
Бугарија ќе биде одговорна и за македонскиот…
Бугарија ќе биде одговорна за изградбата на…
Излета „голф“ на патот Куманово-Свети Николе, тешко…
МВР информира дека вчера наутро околу 08:00…