Џафери се уште не ја прифатил иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум
Претседателот на Собранието Талат Џафери се уште не ја прифатил иницијативата за отпочнување на постапката за констатирање на регуларноста на иницијативата за собирање потписи од граѓаните за почеток на Референдумот на која кој го бара ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од неговиот кабинет.
Џафери е во странство, во моментот кога ќе ја разгледа, навреме ќе бидете известени“, нагласуваат оттаму.
Групата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ денеска и официјално ја достави иницијативата до Собранието. Координаторот Никола Мицевски денеска изјави дека за помалку од половина час собрале над 650 потписи за референдумот.
Мицевски појасни дека поентата е да се слушаат граѓаните во државата за прашањата што ги засегаат, како од меѓународната политика, така и од економијата и секојдневниот живот.
За тоа кои ќе бидат следните чекори доколку претседателот на Собранието ја прогласи иницијативата за нерегуларна, тој одговори дека внимавале само на прашањето и како тоа ќе биде правно-формално напишано и доставено до Собранието, а доколку не помине првиот филтер, Мицевски рече дека „се надева на совеста на пратениците од мнозинството на власт“.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, ги повика премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на државата Стево Пендаровски „да не прават опструкции преку Талат Џафери“ и истакна дека треба да има референдум.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ги запира преговорите на Црна Гора…
Хрватска не сака прашањето за разграничување на…
Поради силен ветер: На неколку патни правци…
ЈП „Македонијапат“ вечерва информира дека поради силен…
Силен ветер со брзина над 80 километри…
Управата за хидрометеоролошки работи најавува силен југозападен…
Трамп им се јави на европските лидери…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, преку телефон…
Ученичка била физички малтретирана од нејзината мајка,…
На 18.11.2026 во 11:30 часот во СВР…