(Видео) Новиот крал Чарлс III се врати во Лондон, луѓе од толпата му бакнуваат рака
Новиот британски монарх се ракуваше со граѓаните пред Бакингемската палата, излегувајќи од својот автомобил додека пристигнуваше во палатата по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета.
Чарлс III. и Камила, сопругата на кралот, излегоа од кралскиот автомобил и беа пречекани со овации од толпата, покажаа телевизиските снимки.
Кралот потоа продолжил да се ракува со десетици добронамерници и најмалку десет минути ги гледал цвеќињата оставени за неговата мајка. Некои од толпата пееја „Господ спаси го кралот“, а еден рече: „Те сакам, Чарлс!“. Во лондонскиот Хајд Парк во чест на покојната кралица се пукаше од огнено оружје, а ѕвонеа камбаните во Вестминстерската опатија и катедралата Св. Павле, како и Севастополското ѕвоно во замокот Виндзор, заробено за време на Кримската војна во 19 век.
Наместо редовна работа во парламентот, се одржа посебна седница на која претставници ѝ оддадоа почит на кралицата. Парламентот ќе се состане и во сабота, што ретко го прави, за да ја одобрат пораката со сочувство до кралот.
„Од синоќешната шокантна вест, сведоци сме на најискрениот излив на тага за загубата на Нејзиното височество, кралицата“,рече премиерката Лиз Трус пред пратениците, кои одржаа едноминутно молчење на почетокот на седницата.
The King meets his public as people express their sympathy to the monarch. pic.twitter.com/P0OSm6iAxW
— Royal Central (@RoyalCentral) September 9, 2022
„Нејзиното починато височество, кралицата Елизабета Втора, беше еден од најголемите лидери што ги познава светотм, пример на нејзиното долго владеење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…