Зголемен број барања за азил во земјите од ЕУ, Норвешка, Швајцарија
Во првата половина годинава, барањата за азил во земјите од Европската Унија, како и во Норвешка и Швајцарија, се зголемени за 68 отсто, достигнувајќи близу 406.000, соопшти Агенцијата за азил на ЕУ.
Во јуни барањата биле околу 73.100, речиси колку за време на бегалската криза во 2015 – 2016 година, покажаа првичните податоци.
Голем дел од тие што бараат азил се од Авганистан, 9.100, потоа од Сирија, 8.900, па од Венецуела, 4.800 лица.
Според податоците на европската агенција во јуни имало околу 1.200 барања од Украинци, но тие биле со различен статус.
Над 4,2 милиони лица се регистрирале за привремена заштита во ЕУ од почетокот на руската инвазија во Украина на 24 февруари до 4 септември, повеќето од нив украински државјани.
Овој статус им овозможува на украинските бегалци да ја избегнат мачната процедура за добивање азил, а истовремено им обезбедува на определено време пристап до училишта и други важни услуги во земјите членки на Унијата.
Сè вкупно, барањата за бегалски статус и за привремена заштита годинава забележаа рекорд.
Европските власти им дадоа азил или заштитен статус на 96 отсто од оние што аплицирале од Сирија и од Украина, а на 44 отсто од сите апликанти. Распределбата меѓу двата типа барање е приближно еднаква.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…
Убиство во Богданци? Пронајдени две безживотни тела!
На 03.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од…
Туск подготвен за средба со полскиот претседател…
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека е…
Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови…
Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата…
Од утре исплата на средства за клиентите…
Од утре, 5 ноември, граѓаните што имаат…