Пронајдена дрога, приведени дилери во Струмица
На 10.09.2022 во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Б.Х.(28) и М.Д.(33), и двајцата од Струмица.
При преглед на Б.Х. биле пронајдени шест пакувања со кокаин, а при претрес во домот на М.Д., извршен со судска наредба на Основен суд Струмица, биле пронајдени две ќеси со кокаин и две пакувања со марихуана.
Лицата се приведени и задржани во Полициската станица Струмица, известен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот тие ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, а против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Учениците експресно се собраа и го исчистија…
Кога се сака – се може. По…
Струмичките полуматуранти направиле хаос – Костадинов: Плоштадот…
Полуматурантите во Струмица направиле хаос на струмичкиот…
Средношколци од Струмица организираат хуманитарен настан за…
Средношколци од Струмица денеска, 9 јуни, во…
Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што…
Од трибината на Социјалдемократската младина на Македонија…
Почна рушењето на нелегалните објекти во Струмица…
Реков дека ќе има ред во Струмица…