Хаос на македонските улици: Дете прегазено во Чаир, друго тешко повредено во сообраќајка во Битола

t

Вчера на улицата „Кемал Сејфула“ во скопската населба Чаир, автомобил „Ауди“, во кој зад воланот бил 21-годишен жител на селото Љуботен, удрило во дете-велосипедист, информираат од МВР.

Во несреќата, младиот скопјанец бил тешко повреден, а помош му била укажана во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Исто така вчера, во битолската полиција било пријавено дека на крстосницата на улиците „Методија Андонов Ченто“ и „Васил Главинов“ во градот се случила сообраќајна несреќа во која учествувале автомобил „Шкода Кодијак“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Ј.С.(42) од Битола и мопед „Јамаха“ без регистарски таблички, управуван од малолетник од Битола.

Според битолската полиција, во несреќата детето-возач на мопедот се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…

„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…

Тешка сообраќајна несреќа кај Битола: Четири возила…

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на…

(Видео) Битола „на вода“ по вечерашното невреме

Силно невреме со обилен дожд вечерва ја…

Меџити: Чаир е само шеста општина во…

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на…

СДСМ: Во Чаир законите не важат

Изјава, на Кети Штерјова-Советничката од СДСМ во…