Објавено на:

Почна: Поранешните британски колонии бараат да им се врати дијамантот од круната на кралицата Елизабета

t

Речиси истовремено со веста дека починала кралицата Елизабета Втора, кога западниот свет беше обвиен во тага, зборот „Кохинор“ почна да станува популарен на социјалните мрежи кај корисниците од неколку поранешни британски колонии во јужна Азија, пишува „Vice“.

Станува збор за еден од најскапоцените и најголемите брусени дијаманти во светот. Кохинор значи „Планинска светлина“, вредноста му се проценува на неверојатни 400 милиони долари, а дел од експертите сметаат дека е непроценлив.

Скапоцениот камен од 109 карати, според легендите, бил откриен меѓу 12 и 14 век во Индија, а потоа со векови бил во посед на различни фракции и држави во јужна Азија: Индија, Пакистан, Авганистан и Иран. Од сите четири земји сега се слушаат повици и барања Кохинор да им биде вратен, бидејќи го сметаат за ограбено богатство.

Во 19-от век, кога Велика Британија ја освоила областа Пунџаб, го запленила дијамантот, кој потоа бил вграден во кралската круна за кралицата Викторија. Бидејќи се верувало дека им носи лоша среќа на мажите, но среќа на жените, круната со бесценетиот дијамант ја носеле исклучиво британски кралици, а ретко и други жени од кралското семејство. Круната, во која има и други скапоцени камења, последна ја носеше кралицата-мајка, мајката на Елизабета Втора, пред околу 20 години. Таа сега е дел од кралската колекција на круни со скапоцени камења и е изложена во Лондонската кула.

„Наместо да ги вратат доказите за нивниот грабеж на нивните вистински сопственици, Британците се фалат со Кохинор на круната на кралицата-мајка во Лондонската кула“, изјави пред еден месец Тарур, кој со години бара и Британија да ѝ исплати репарации на Индија за колонијалниот период.

Авторот на „Скапоцен камен во круната“, книга што документира како британското кралско семејство дошло во посед на дијамантот, додава и дека „Ова е остар потсетник за тоа што навистина бил колонијализмот: бесрамно потчинување, принуда и незаконско присвојување“.

Околу времето кога е родена Елизабета Втора, Британската империја владеела со околи една четвртина од сите луѓе во светот. Историчарите се критични за британската колонизација, посочувајќи дека таа е полна со примери на сурови злоупотреби, нееднаквости, расизам, насилство и екстремно богатење на сметка на колониите.

И покрај тоа што Елизабета Втора не владеела за време на врвот на британската колонизација, таа низ децениите беше критикувана дека замижувала пред многу од злосторствата извршени во име на Круната, вклучително и трговијата со робови, како и операцијата „Наследство“ во 1950-тите и 70-тите, под која владата на Нејзиното височество и МИ5 сокриле или уништиле илјадници документи со докази за злосторствата извршени во колониите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…

Брачниот пар е обвинет за расистички напад…

ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ БРОД НА БРИТАНСКАТА МОРНАРИЦА!

Британската кралска морнарица во неделата соопшти дека…

Британија размислува за испраќање војници во Украина?

Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…

Во Британија издадоа предупредување за многу заразна…

Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за…

Истражување: Милиони Британци овој Божиќ ќе мора…

Домаќинствата ќе бидат принудени да ги намалат…