Разрешениот народен правобранител ќе сведочи во Германија за криминалите на Ајро и Муареми?!

t

На 28 февруари 2017 година СЈО објави дека отворило истрага наречена „Труст“. Во истрагата на Специјалното јавно обвинителство првоосомничен е Сеад Кочан и неговата фирма „Трансмет“, заедно со уште две други лица и две фирми. Осомничени се дека лажирале документација за да добијат тендер од 17 милиони евра во РЕК „Битола“.

На 22 март 2017 година СЈО поднесува предлог до скопскиот кривичен суд за времена мерка за забрана за располагање со имотот на „Трансмет“.

На почетокот на мај, поточно меѓу 3 и 9 мај, „Трансмет“ продава и успева да ја пренесе сопственоста за само неколку дена на дел од својот имот.

Државниот правобранител Фехми Стафа беше разрешен пред неполн месец од Владата откако тој испорача неотповиклива оставка на која претходеше мега скандал во кој беше вмешан кремот на македонското правосудство.

– Јас, државен правобранител на РСМ, Фехми Стафа поднесувам неотповиклива оставка од лични причини. Барам да се прифати мојата оставка на наредната владина седница, стои во оставката од Стафа.

Неговата оставка следува откако тој поднесе пријава против директорот на финансова полиција Арафат Муареми, но и обвинителите Гаврил Бубевски и Артан Ајро, за постапката за конфискацијата на имотот на Трансмет од случајот „Труст“.

Како што дознава и претходно објави Инфомакс, германската влада е заинтересирана за разрешница во случајот со кривичната пријава против Артан Ајро и Арафат Муареми која ја поднесе Фехми Стафа.

Во кривичната пријава на Стафа обвинети се екс-директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми, обвинителите Артан Ајро и Гаврил Бубевски дека сториле кривично дело со непостапување согласно законските обврски. Државното правобранителство смета дека тие навремено не поднеле барање за замрзнување на имотот на Трансмет вреден 17,2 милиони евра, а Кочан тоа го искористил, па си го префрлил имотот на друга фирма – токму на денот кога СЈО побара замрзнување.

„Тие, заедно и со меѓусебен договор, организирано во група, првопријавениот (Артан Ајро) и второпријавениот (Гаврил Бубевски) во постапка пред суд , а третопријавениот (Арафат Муареми) во истражна постапка, знаејќи ја состојбата на имотот на четвртопријавениот (Сеад Кочан), дозволиле и не ги спречиле последиците настанати од незаконско постапување на страна на четвртопријавениот. Прво пријавениот и второпријавениот според Кривичната пријава „не ги презеле сите пропишани законски дејствија и правни средства кои биле должни да ги превземат во постапката“, се вели во пријавата за случајот.

Сега Стафа според нашите информации ќе патува за Германија каде ќе сведочи за случајот „Труст“ пред германските истражни органи, бидејќи според прибраните сознанија, компанијата „Трансмет“ подигала кредити во германски банки за набавка на нова механизација, но наменскиот кредит бил злоупотребен.

Злоупотребата со наменскиот кредит е бидејќи соогласно договорот, бизнисменот Сеад Кочан бил обврзан да купи нова опрема за ископ на јаловина, но наместо нова опрема тој купил опрема на старо.

Дополнително соогласно подигнатиот кредит, германската банка имала приоритет при наплата на побарувањата што било занемарено во стечајната постапка, но и оневозможено поради фактот штп Арафат Муареми како истражител во СЈО во тоа време и Артан Ајро како надлежен обвинител му овозможиле на Сеад Кочан кој бил обвинет во случајот „Труст“ да го префрли целиот имот на „Трансмет“ на компании кои не биле дел од постапката, на тој начин задржувајќи го имотот за себе, а ниту државата не успеала да ја наплати штетата која била направена врз буџетот.

Дел од имотот на „Трансмет“ од кој требало да наплати германската банка, но и државата го купил и актуелен пратеник на ДУИ, бизнисменот Исмаил Јаоски – Пуцко, кој од „Трансмет“ во компензација добил два атрактивни плаца на Водно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Два, од трите ,,ер трактори”, се уште…

Пожарите почнаа да беснеат во регионот, денеска…

Јанчев: Кожуф е наш дом, нема да…

Емотивна реакција од пратеникот на Левица, Сашко…

Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка

Пожар денеска избувнал во атарот на валандовското…

Министерот за внатрешни работи требаше да понесе…

Јавноста во Кочани будно ќе го следи…

Зеленски: Ни треба заштита, Украина е под…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди целосна истрага…