Жалам за оваа непоправлива загуба: Роналдо се збогуваше со кралицата Елизабета

t

Британската кралица Елизабета Втора почина на 96-годишна возраст.

На островот владее општа жалост, а од неа се простуваат многу познати личности ширум светот.

Меѓу нив е и познатиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо.

Легендарниот Португалец се огласи преку Инстаграм, а не можеше да сокрие колку оваа вест го погоди.

„Седум години од мојата кариера играв во Премиер лигата, така што ова е мојата осма сезона што живеам во Англија. Во текот на сите овие години, ја чувствував вечната љубов на Обединетото Кралство за нејзината кралица и колку е важно нејзиното височество и засекогаш ќе биде за британскиот народ. Му оддавам почит на нејзиниот спомен и жалам за оваа непоправлива загуба на земјата што научив да ја нарекувам дома. Моите мисли и молитви се со кралското семејство “, напиша Роналдо.

Објавата на фудбалерот може да ја погледнете на следниот ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го прашаа Ибрахимовиќ, кој е подобар, Меси…

Златан Ибрахимовиќ, легендата на Милан и консултант…

(Видео) Kaрлеуша се запозна со Георгина на…

Јелена Карлеуша и Ѓорџина Родригез се запознаа…

Вереницата на Роналдо со шокантно тврдење: Ни…

Кристијано Роналдо и неговото семејство неодамна се…

(Видео) Роналдо даде четири гола на еден…

Ал Наср со 4-0 победи на гостувањето…

За петтиот роденден на близнаците Ева и…

Поминаа речиси два месеци откако Кристијано Роналдо…