Бајден ја продолжи вонредната состојба поради тероризам
Американскиот претседател Џозеф Бајден ја продолжи за уште една година вонредната состојба, која беше воведена на 14 септември 2001 година, по терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември истата година.
– “Ја продолжувам за уште една година вонредната состојба прогласена на 14 септември 2001 година, со прогласот 7463, во врска со терористичките напади од 11 септември 2001 годинаЌ, изјавил Бајден, според соопштението објавено на веб-страницата на Белата куќа.
Бајден нагласи дека терористичката закана што доведе до првото прогласување на вонредна состојба на 14 септември 2001 година, по нападите на Њујорк и Вашингтон, сè уште е присутна.
– “Поради оваа причина, заклучив дека е неопходно да се продолжи важноста на националната вонредна состојба и после 14 септември 2022 година со оглед на терористичката закана”, прецизира Бајден.
САД денеска одбележуваат 21 година од терористичките напади врз Њујорк и Пентагон во Вашингтон во кои загинаа вкупно 2.977 луѓе, не сметајќи ги 19-те терористи – киднапери на авионите со кои беа извршени нападите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Американскиот Конгрес изгласа почеток на процедурата за…
Домот предводен од републиканците усвои републиканска резолуција…
Бајден повторно фатен како чита одговори на…
Американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на…
Најнова вест: Спикерот Мајк Џонсон изјави дека…
Спикерот Мајк Џонсон изјави дека Домот денеска…
Бајден вети 200 милиони долари за Украина…
Американскиот лидер го повика Конгресот да донесе…