Зачестени сексуалните напади и вознемирувања на малолетни деца

t

Сексуалните напади и вознемирувања на малолетни деца во полошко се почеста појава, но ваквите случаи се помалку се пријавуваат, велат од невладините организации и Секторот за внатрешни работи Тетово за Македонската радио телевизија.

За нивното спречување и превенирање, мора јавно и гласно да се зборува, а секое вакво вознемирување макар и психолошко, веднаш да се пријави до надлежните институции, советуваат психолозите…

Со претходно додворување и разговор девојчиња од Тетово, стануваат мета на сексуално вознемирување и напади. Локацијата е најчесто во Жена паркот, каде минатиот викенд благодарение на едно лице, спречен е еден ваков немил настан, стои во една објава на социјалните мрежи.

Но овој случај не е пријавен во полиција, како и многу други.

Билјана Радическа, психолог во невладината организација Кортекс, вели дека токму молчењето и криењето на ваквите случаи, носат последици. Поголема агресија кај насилниците и психолошки последици кај жртвите.

И од СВР Тетово, потврдуваат дека не се пријавуваат случаи на сексуално вознемирување, иако полицијата препознава голем број на вакви немили настани.

Годинава нема пријавено ниту еден случај на сексуално вознемирување. Од СВР Тетово, апелираат да не се кријат нападите, за да може навремено да се преземат брзи и ефикасни мерки за санкционирање на насилниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев продира стотици километри во руската територија,…

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…

Трамп размислува за нови напади – Иран…

САД се на прагот на еден од…

Најмалку седум лица загинаа во нови руски…

Најмалку седум лица загинаа во нови руски…

Иранската војска вети „разорни“ напади врз САД…

Иранската војска во четвртокот вети дека ќе…

Иран утрово повторно нападна неколку земји од…

Земјите од Персискиот Залив објавија дека ноќеска…