Мицотакис ја повтори поддршката за ЕУ перспективата на Македонија и Албанија
Прислушувањата, изборите и изборниот законик, економијата и мерки што вчера ги соопшти, енергетската криза, тешката претстојна зима, но и односите со Турција и надворешната политика, беа дел од темите за кои грчкиот премиер говореше на традиционалната прес конференција во рамките на Меѓународниот саем во Солун.
Одговарајќи на новинарско прашање за односите со Тирана, Мицотакис, меѓу другото, ја повтори и неговата поддршка за европската перспектива на Албанија и Македонија.
Рече дека приклучувањето на Албанија на европскиот пат е во корист на Грција.
– Затоа и лично го поддржав почетокот на интегративните преговори и за Албанија и за Македонија, истакна Мицотакис.
Меѓу пораките што грчкиот премиер ги упати од Солун, беше и како што рече, трите „не“, односно „не“ за предвремени избори, „не“ за промена на изборниот законик и „не“ за реконструкција на Владата, додека пак за енергетската криза уште еднаш посочи дека ги очекуваат европските одлуки, но Грција се стреми да се воведе плафон на цената на природниот гас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ќе добие над 6 милијарди евра…
Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…
Михаилов: Ова што ни се случува на…
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов…
„Малореканска Летна Школа – По патеките на…
Во селото Тресонче на 30 август ќе…
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…
Иран со закана за земјите кои ќе…
Иран се закани со одмазда против секоја…