СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се караат за референдумот – Џафери е клучниот играч

t

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ веќе се препукуваат дали е уредна иницијативата за референдумот на најголемата опозициска партија за поништување на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека власта има план за отфрлање на оваа иницијатива. Доколку владејачките СДСМ и ДУИ повикаат на бојкот на рефередумот, тоа може сериозно да влијае врз потребната излезност за успешен референдум, однодно би било практично невозможно да се постигне потребниот цензус.

Мицкоски вели дека единствената одговорност ќе биде во владата доколку не покажат демократски капацитет.

Од СДСМ порачаа дека пред да обвинува, „ВМРО ДПМНЕ да ја научи процедурата“.

-Иницијативата не е стигната пред пратениците и оттука ваквите обвинувања се паушални, односно тенденциозни со цел ВМРО ДПМНЕ гласно да не го каже она што го знае, дека референдумот против ЕУ нема да успее.Ова покажува дека всушност единствената цел на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е преку барањето за референдум да ја спасува својата фотелја и токму затоа секојдневно ја злоупотребува темата со паушални и неосновани обвинувања.Пратеничката група на СДСМ како и секогаш во изминатите години ќе постапи државнички, а ставот ќе го соопшти откако иницијативата ќе се најде пред пратениците, велат од СДСМ.

Иницјативата пред спикерот Џафери најдоцна ќе се најде во вторник кога тој се очекува да ја препрати и до матичните комиси – по што ќе се знае и офоицијанло дали ќе го помине првиот филтер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

(Видео) СДСМ: Учениците граматика ќе учеле од…

ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два…

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…

Малку требаше за Мицкоски да си ги…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…