Разрешен од функција и Секретарот на град Скопје Ѓоко Велковски поради самоволие и несоодветно постапување во тендерска постапка
Од функцијата Секретар на град Скопје, во петокот разрешен Ѓоко Велковски, а причина за разрешувањето е неговото влијание во спорна тендерска постапка за изведба на пречистителна станица во вредност од 136 милиони евра, средства кои се обезбедени од ЕБОР и ЕИБ.
Велковски, во петокот е разрешен заедно со в.д директорот на ЈП Водовод и Канализација-Скопје Златко Перински поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач во милионски тендер.
Градот Скопје нема да дозволи расипничко трошење на парите на скопјани, ниту финансирање на лични и теснопартиски интереси. Скопје е град на сите скопјани, велат од кабинетот на Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран предупредува против „деструктивниот пристап“ на европските…
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи,…
Филипче: СДСМ останува силен промотор на европската…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата…
Инцидент на блокадите во Земун, човек со…
На блокада во Земун се случи инцидент…
Врвот на Ајфеловата кула затворен поради топлотниот…
Врвот на Ајфеловата кула е затворен за…
Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица,…
„Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи…