За 110% зголемен бројот на странски туристи во земјава: Најбројни од Турција, Србија, Полска

t

– Во државава во јули годинава се регистрирани 169 449 туристи, од кои 54 проценти се домашни, а 46 проценти се странски туристи. Државниот завод за статистика денеска објави дека бројот на ноќевањата во јули 2022 година изнесува 700 629, од кои 74,3 проценти се од домашните туристи, а 25,7 проценти од странските.

Во јули годинава имало најмногу туристи од Турција, 12 841, по што следат Србија, 9393, Полска, 5 412, Германија , 3 698, САД , 2 721, Бугарија, 2 286, Словенија 2 099, Грција 1 828…Од вкупниот број туристи во јули годинава, над 105 илјади биле во езерските места, а над 36 000 во главниот град. Хотелско сместување користење 99 000, а над 56 000 се сместиле во куќи, станови за одмор и соби за издавање

Во периодот јануари – јули годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 53,3 проценти, при што кај домашните туристи има зголемување за 13,7 проценти, а кај странските зголемувањето е за 109,9 проценти.

Кај ноќевањата во периодот јануари – јули годинава во однос на истиот период од претходната година, има зголемување за 34,6 проценти, кај домашните за 9,8 проценти, а кај странските зголемувањето е за 95,9 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска воведува задолжителна обука за огнено оружје…

Поради близината на фронтот во Украина, но…

Таксист влетал во ученици на блокадата во…

За време на денешната акција „Застани, Србија“…

Блокади ширум Србија и денеска – Студентите…

Студентите ширум Србија денеска во 11:52 часот…

Вучиќ за опозицијата: „Магариња и политички педофили“

Српскиот претседател Александар Вучиќ упати нови навредливи…

(Фото) На вчерашниот протест во Белград имало…

Врз основа на достапните снимки и фотографии,…