Николовски: Двојно е зголемено производството на сончоглед

t

Годинава двојно е зголемено производството на сончоглед како суровина за производство на масло за јадење, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

-Политиките кои се воведоа на почетокот на годината во делот на сончогледот се и еден од примерите и фундаменти токму нa овој концепт што денеска го зборуваме, каде што субвенциите по површина сончоглед, вкупните субвенции, фармерите, производителите може да ги добијат доколку го предадат кај регистрирани преработувачи. Целта е да финансираме сончоглед кој ќе служи како суровина за масло зa јадење, а ќе ги користиме и капацитетите на нашите домашни преработувачи кои имаат капацитет и кои увезуваат, рече Николовски.

Тој напомена дека станува збор, за двојно зголемено производство.

-Голем број добија. Сите аплицираа за поддршка за вештачко ѓубриво од 30 проценти, и очекуваме над 10. 000 тони сончоглед, што значи удвојување на производството само за краток период и покривање на две месечни потреби на државата од увозот на сончоглед којшто го имаме, додаде Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…

(Видео) Прекината хуманитарната акција за семејството Николовски…

Хуманитарната акција за семејството Николовски од Кратово…

Вечерва хуманитарни “Тешки муабети” со Филип Петровски:…

Не прошуштајте ја денешната епизода на Тешки…

Николовски: Двојно е зголемено производството на сончоглед

Годинава двојно е зголемено производството на сончоглед…

Светот го демне глад: Русија ја продолжува…

Руското Министерство за земјоделство ја потврди прелиминарната…