(Фото+Видео) Мицкоски насмеан од уво до уво на средбата со Кочо Анѓушев!
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари работен состанок со претседателот на Стопанска комора на Република Македонија, Бранко Азески во просториите на Стопанската комора, на тема енергетска криза.
Сепак она што остави најголем впчеаток не се заклучоците од средбата туку присутните меѓу кои беше и поранешниот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев.
Токму Анѓушев беше една од главните ликови на прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ кого Мицкоски и раководството на партијата редовно го обвинуваа за милионски криминали.
Сепак најтешки беа обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ кон Кочо Анѓушев кога стана збор за модуларните болници кои се изградија за време на ковид пандемијата. Во една од болниците на Анѓушев животот го загубија 14 лица во пожар кој траеше неполни 3 минути. Опозицијата го обвини Анѓушев за неквалитет кој придонел за смртта на 14 лица.
-Додека бизнисте на граѓаните трпат и чекаат со месеци наплата, додека нема поврат на ДДВ, велешката „Брако“ на Кочо Анѓушев експресно наплатила 3.62 милиони евра. Имено вкупната вредност на договорот за изградбата на модуларните болници која го добила фирмата на Анѓушев е 4.5 милиони евра, а Анѓушев до сега се наплатил со префрлање на пари од посебна сметка на Министерството за труд и социјална политика во износ од 3.62 милиони евра. Се уште не се завршени сите модуларни болници, односно активности се во тек на болниците во Ресен и Тетово, но Анѓушев веќе наплатил 3.62 милиони евра, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на прес-конференција минатата година.
Мицкоски повеќе пати бараше оставка од Анѓушев поради лошите економски резултати потенцирајќи дека кај вице-премиерот за економски прашања може да се најде вината.
Останува нејасно зошто денес Мицкоски се консултира со Анѓушев за енергетската криза и економската криза ако пред неколку години се сомневаше во способноста на колегата професор.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски истакна дека во грчките медиуми веќе се најавува истрага на грчкото обвинителство за продажбата на фирма ЕДС и воедно побара истрага за поведат и македонските институции.
– Дополнителен сомнеж дека се работи за матна зделка од која зависи и идентитетот на државата, на секој граѓанин на Република Македонија говорат и информациите кои ги добиваме од грчките медиуми кои велат дека милионите евра се исплатени на личната сметка на Кочо Анѓушев, 4,8 милиони евра – рече Арсовски.
Да ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваше Анѓушев и СДСМ дека го „продале“ името за 4,8 милиони евра колку што вредеше компанијата на Анѓушев за трговија со струја која се продаде во екот на преговорите за името.
Неретко опозицијата го обвинуваше Анѓушев за криминал и корупција. Останува како што рековме нејасно што денес Мицкоски бараше на маса со овој „криминалец“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Додик најави дека ќе има средба со…
Претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој…
Израел се заканува дека ќе го „елиминира“…
По најновиот бран ирански ракетни напади, израелскиот…
Дизелот поскапува за 2,5 денари
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Полициско возило и „ауди“ направиле сообраќајка: Петмина…
На булеварот „Србија“ и улиците „3 Македонска…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…