Ристовски: Без ароганција, ние веруваме дека пак ќе бидеме шампиони
Составот на Вардар 1961 не успеа да ја добие првата битка со Еурофарм Пелистер во оваа сезона, односно ја загуби трката за првиот трофеј во Супер Купот на Македонија.
Голманот на Вардар Борко Ристовски е оптимист и верува дека на крајот на сезоната може да се израдува на двојната круна во домашниот ракомет.
-Јас секогаш сум спремен да и помогнам на екипата, Вардар да ги оствари целите. Првенството е долго, ова е мала увертира на она што следува, не очекува неизвесен шампионат, шампионат во кој ќе се натпреваруваат две израмнети екипи.Резултатот е помалку или повеќе реален. Имам две гледишта, кога ќе се измерат силите, сметам дека ние сме поквалитетни, ама Еурофарм Пелистер има подолга клупа и ротацијата, па ја дава таа изедначеност 50-50.Ние сакавме да го добиеме натпреварот и одевме на победа, ама уште поважно за нас е младите играчи кои треба да се ротација да постарите играчи да увидат дека се тука за да му помогнат на Вардар да ги оствари своите цели, а тоа е двојна круна. Ние чекориме цврсто на земја, без разлика на овој резултат. Без ароганција, но ние стоиме цврсто на нозе и веруваме и дека повторно ќе бидеме шампиони. Меѓутоа, треба да се работи, младите играчи мора да напредуваат на тренинзите, натпреварите и да помогнат, давајќи одмор на првата постава, -заклучи Борко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија уапси Украинец осомничен дека собирал воени…
Германските власти уапсиле украински државјанин во покраината…
ЕУ: Цврсто стоиме зад Меѓународниот кривичен суд
Европскиот парламент одлучи наградата „Сахаров“ за слобода…
Луѓе гинат и во ЕУ“: Морнарите бараат…
Синдикатот на морнари на Хрватска побара морското…
Трамп заврши зад решетки во Техеран: Необична…
Необична сцена привлече големо внимание во главниот…
Во Тирана продолжуваат протестите, студентите закажаа протест…
Во Тирана вечерва повторно се собраа студенти…