Германија е клучен партнер на Македонија на патот кон ЕУ
Германија е клучен политички партнер на Македонија, кој и натаму ќе не поддржува во реформските напори кои ги преземаат институциите во земјава со цел брз напредок при пристапните преговори со Европската Унија, констатираа на денешната средба министерот за надворешни работи Бујар Османи и претседавачот на Комитетот за Европската Унија во германскиот Бундестаг, Антон Хофрајтер.
Хофрајтер ја повтори заложбата дека Германија ќе продолжи и во иднина со сиот свој политички и институционален капацитет да ја поддржува Македонија на патот кон полноправно членство во ЕУ.
Политичко – безбедносните прашања и економските предизвици со кои се соочува европскиот континент поради руската инвазија врз Украина, исто така беа предмет на разговор меѓу двајцата соговорници, кои ја истакнаа важноста од заеднички одговор за зачувување на европската и светската безбедност и отпорност, соопшти МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како членките на ЕУ им помагаат на…
Податоците на Евростат велат дека во 2021…
Фолксваген укинува 35.000 работни места во Германија…
Најголемиот европски производител на автомобили Фолксваген ќе…
Саудиска Арабија ја предупредила Германија за осомничениот…
Саудиска Арабија ја предупреди Германија за човекот…
Напаѓачот во Германија е Саудиец, масакрот го…
50-годишен доселеник од Саудиска Арабија е напаѓачот…
(Видео) Автомобил влета во Божикен базар во…
Возило влетало во толпа во Германија, според првичните информации…