Со посредство на Москва договорен прекин на огнот меѓу Азербејџан и Ерменија
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва посредувала во преговорите за прекин на огнот помеѓу Азербејџан и Ерменија.
Се надеваме дека договорот постигнат по руското посредување за прекин на огнот од девет часот по московско време ќе биде целосно испочитуван, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Исто така се посочува дека Русија е „исклучително загрижена поради влошувањето на ситуацијата” на ерменско-азербејџанската граница и ги повика „страните да се воздржат од каква било ескалација”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ерменските власти го уапсија поглаварот на Ерменската…
Ерменските власти денес го уапсија надбискупот Баграт…
Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…
Москва удри по укранските одбранбени објекти –…
Руската војска изврши серија напади врз украински…
(ВИДЕО) Зеленски: Русите се уште напаѓаат, а…
Украинскиот претседател – Володимир Зеленски и се…
Вучиќ од Москва: Благодарност до Црвената армија…
По многу години, повторно во Москва. „Горд…