Aлијанса за Aлбанците во сабота на партиско собрание ќе бира в.д. наследник на Зијадин Села
Алијанса за Албанците во сабота во Скопје ќе го одржи партиското Собрание на кое ќе биде констатирана оставката на Зијадин Села, потврди за МИА портпаролот на партијата, Наим Бајрами.
На Собранието ќе биде избран новиот в.д. претседател на Алијансата за Албанците.
Села на 21 август годинава даде оставка по слабите резултати од последните избори за советници во Советот на Општина Тетово, на кои Алијансата за Албанците не освои ниту еден мандат. Села тогаш најави дека повеќе нема да се кандидира за претседател на партијата бидејќи, како што рече, според статутот на партијата тоа право го има само двапати. Села на функцијата прв човек на АА беше реизбран на Конгресот одржан на 27 март годинава.
Исто така, на Собранието се очекува да се расправа и за оставката на пратеничката Иљире Даути од функцијата координатор на пратеничката група на Алијансата за Албанците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…