Можно е ЕУ да се откаже од ограничување на цената на рускиот гас
Министрите за енергетика на земјите-членки на Европска Унија на 30 септември ќе имаат вонреден состанок, на кој ќе се обидат да договорат мерки за стопирање на цените на енергенсите.
– Тоа што го почнавме минатата недела, ќе го завршиме на 30 септември. Штотуку свикав уште еден вонреден состанок на министрите за енергетика за да разговараме за предлозите на Комисијата за намалување на цените на енергијата, објави чешкиот министер за индустрија и трговија Јозеф Сикела на Твитер.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утре пред Европски парламент, ќе ги објави предлози за мерки за запирање и намалување на цените на енергијата.
Во предлозите на Лајен не се споменува ограничување на цената за увоз на гас ниту од Русија, ниту од други земји, а исто така не е спомната ниту програма за поддршка на ликвидноста на енергетските компании за да им се помогне да се соочат со нестабилноста на пазарот. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…