Косовскиот Телеком остана без интернет поради кибер-напади!

t

Косовскиот Телеком денеска беше цел на кибер-напади, поради што паднаа неговите интернет услуги, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата во изјава за медиумите ја потврди портпаролот на Телекомот, Фадиљ Лепаја, кој информира дека нападите започнале во осум часот наутро.

– Косовскиот Телеком денеска се соочува со кибернетички напади, кои започнаа во 8 часот наутро. Нашите тимови ги идентификуваа ИП-адресите кои напаѓаат и интензивно се залагаат за конечно прекинување на нападите, изјави Лепаја.

Неколку земји од регионот во последно време се соочуваат со пораст на кибер-нападите, поради што Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран, затоа што се претпоставува дека таа држава стои зад нападите врз институциите, меѓу кои и против системот на граничните служби.

Во Косово во претходните денови беа нападнати палтформата Е-Косова, страницата на Владата, на неколку министерства, на полицијата на Косово и на повеќе онлајн медиуми.

Дел од медиумите во Приштина и денешната ненајавена и ненадејна посета на Албин Курти на Тирана и средбата со албанскиот премиер Еди Рама, ги доведуваат во врска со кибер-нападите врз двете држави. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Михаилов: Ова што ни се случува на…

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов…

„Малореканска Летна Школа – По патеките на…

Во селото Тресонче на 30 август ќе…

МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…

Иран со закана за земјите кои ќе…

Иран се закани со одмазда против секоја…

Израелската армија ликвидираше тројца припадници на Хамас…

Израел продолжува да изведува целни убиства на…