Убиен познатиот рапер: Оваа негова песна многумина од вас ја знаат (Видео)
Познатиот рапер „PnB Rock“ бил убиен вчера при грабеж на ресторан во Лос Анџелес. „PnB Rock“ својата најголема популарност стекна со хитот „Selfish“, објавен во 2016 година.
Полициската управа на Лос Анџелес соопшти дека пукањето се случило во ресторан во јужниот дел на Лос Анџелес во понеделникот попладне.
„PnB Rock“, чие вистинско име е Раким Ален, бил во ресторан со својата девојка кога се случила несреќата. Напаѓачот упаднал во ресторанот, мавтајќи со оружје и барајќи вредни предмети. Раперот го привлекол вниманието на напаѓачот со светкавиот накит, изјави извор за „Times“.
Набргу откако упаднал во ресторанот и барал скапоцености, вооружениот напаѓач пукал во раперот. Веднаш бил префрлен во болница, но лекарите можеле само да констатираат смрт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Можно е по изборите да го…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…
(Видео) Двајца загинаа, двајца се хоспитализирани, а…
Медицински хеликоптер кој превезувал пациент се урна…
Денес се празнуваат Светите маченици Трофим, Саватиј…
Во времето на царот Пров, во 3…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Утрото ќе биде ведро и студено. Во…
Германија очекува нови руски хибридни напади
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека неговата…