Радев: Бугарија има потреба од стабилна влада
Претседателот на Бугарија, Румен Радев за време на средбата со претставниците на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, кои учествуваат во мисијата за следење на претстојните парламентарни избори на 2 октомври, рече дека на неговата земја и треба стабилна редовна влада и функционално Собрание со долгорочен хоризонт, за да може да се носат и следат стратешки одлуки за државата, соопштија од прес-службата на шефот на државата.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ на 31 август отвори мисија за следење на предвременото парламентарно гласање во Бугарија. Радев посочи дека за да се зголеми излезноста на гласачите и да се постигне висок легитимитет на изборите, партиите и кандидатите за пратеници својата предизборна кампања треба да ја градат на конкурентни програми и работни решенија за излез од кризите, а не на лични напади.
Друго важно прашање, според него, е довербата во машинското гласање, што граѓаните на Бугарија го прифаќаат како фактор за елиминирање на високиот процент неважечки ливчиња пријавувани во минатото, како и за спротивставување на купениот и корпоративниот глас.
Радев рече дека во овој процес важна е улогата не само на институциите, туку и на политичките партии. „Слободните избори и масовното граѓанско учество на нив се столб на секое демократско општество“, порача претседателот на Бугарија и ја истакна потребата „партиите да не палат мостови меѓу себе за време на изборната кампања“, бидејќи за неколку недели тие ќе треба да работат за владејачко мнозинство и формирање влада во земјата. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Михаилов: Ова што ни се случува на…
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов…
„Малореканска Летна Школа – По патеките на…
Во селото Тресонче на 30 август ќе…
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…
Иран со закана за земјите кои ќе…
Иран се закани со одмазда против секоја…
Израелската армија ликвидираше тројца припадници на Хамас…
Израел продолжува да изведува целни убиства на…