Марин: Мораме што побрзо да се ослободиме од руските фосилни горива

t

„Мораме да признаеме дека усвоивме премногу наивен пристап кон Русија и ги базиравме нашите очекувања за нејзиното функционирање на погрешни основи“, рече Марин во своето обраќање пред претставниците во Европскиот парламент.

„Требаше да ги слушаме нашите полски и балтички пријатели, кои живееја под советска власт“, ​​додаде социјалдемократската премиерка на Финска.

Полска, Литванија, Летонија и Естонија беа најстрогите критичари на европското потпирање на руските фосилни горива и лансирањето на гасоводот Северен тек 2, за разлика од Германија, која значително ја зголеми зависноста од рускиот гас во последните десет години. Марин посочи и дека руската политика на користење на енергијата како оружје за уцена на Европската унија е „краткогледно“.

„Поради постоечката енергетска криза, ќе се ослободиме од зависноста од руските фосилни горива побрзо отколку што мислевме. Русија ја уништува својата економија и иднина. Ние повеќе не ѝ веруваме на Русија. Дури и ако војната заврши денес, нашата доверба нема да се врати долго време“, рече таа.

Краткорочно, смета Марин, ЕУ мора да преземе исклучителни мерки за намалување на цената на енергијата, додека на среден и долг рок единствен излез од енергетската криза е голема инвестиција во обновливи извори на енергија, заедничка транспортна мрежа и технологии за складирање.

„Мораме што побрзо да се ослободиме од руските фосилни горива“, додаде таа. Марин смета дека стратешката автономија на Европската унија е императив и дека во тој контекст треба да се воведе гласање со квалификувано мнозинство за некои прашања, иако добар дел може да се постигне во постојните рамки.

Поборниците за гласање со квалификувано мнозинство за надворешна политика и безбедност се претежно западните членки на Европската унија, додека источните го сметаат правото на вето како средство за заштита на нивните интереси поради демографската и економската супериорност на Западна Европа.

Марин им се обрати на претставниците во рамки на програмата „Ова е Европа“, циклус на редовни обраќања на лидерите на земјите-членки на Унијата на пленарните седници на парламентот. Говорот на Сана Марин беше пофален од центристичките клубови на претставници (народни, социјалдемократи и либералниот клуб Renew Europe), додека, од различни причини, беше критикуван од зелените, левицата и десницата.

Филип Ламбертс од Зелените ја критикувал финската премиерка за штедливиот однос на Финска кон трошењето европски пари, посочувајќи дека членството во ЕУ значи и фискална солидарност.

„Порано или подоцна, дури и на штедливите им е потребна солидарност од другите. Финска сега бара безбедносни гаранции од другите членки на НАТО. Членството во клубот не е еднонасочна улица“, рече тој.

Лаура Хухтасаари, финска претставничка од десничарскиот клуб „Идентитет и демократија“, ја обвини Марин дека е коодговорна за растот на криминалот во Финска со спроведување на неодговорната миграциска политика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…