,,Да ја повториме играта како против Челзи и среќни да се вратиме од Милано”

t

Хрватскиот шампион патува во Милано, каде вечерва ќе се сретне со шампионот на Серија А, Милан. Нашиот репрезентативец Аријан Адеми се надева дека тимот ќе одигра квалитетно како против Челзи и за дома ќе се вратат среќни.

„Во многу добра состојба сме. Знаеме каков противник нè очекува, клуб кој покажа дека е голем и во првенството и во Лигата на шампионите. Се надевам дека ќе се одиграме добро како против Челзи и среќни ќе се вратиме за дома.

Милан е фаворит, но јас реков дека нашата шанса ќе ја бараме на секој натпревар. Така беше на првиот натпревар. Ја анализиравме играта на Милан, нивните најсилни страни мораме да ги ограничиме. Ако успееме во тоа, тогаш нашите шанси се големи“, рече капитенот на Динамо на денешната прес-конференција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…

ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…

Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…

Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…

Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…

Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…

Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…

Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…

На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…