Бомба од Ерменија: Азербејџански војници нападнале возило на руската служба за безбедност?!
Министерството за одбрана на Ерменија ја обвини азербејџанската армија дека отворила оган врз возило на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија.
„Нападната е и хуманитарна мисија во зоната на борбени операции извршени од возила на ФСБ на Русија. Тоа сведочи дека, без разлика на најавите, Азербејџан не прави избор во своите цели“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Ерменија, Арам Торосјан.
Подоцна, Министерството за одбрана на Азербејџан ги негираше наводите на ерменската страна.
„Информациите, кои претходно ги објави ерменската страна, дека единиците на азербејџанската армија наводно отвориле оган врз воен објект и возила на руските вооружени сили во областа Гехаркуник е апсолутна лага и не ја одразува реалноста. Со ширењето на таквите информации, ерменската страна има за цел да им даде меѓународен подтекст на големите провокации извршени на азербејџанско-ерменската државна граница и да ја претвори ОДКБ во инструмент на своите валкани акции“, се вели во соопштението на азербејџанското воено министерство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…