Николовски: Во време на криза се носат тешки и храбри одлуки

t

Министерот за земјоделство, шумартво и водостопанство, Љупчо Николовски во гостување во емисијата “Топ тема” вели дека во криза се носат тешки и храбри одлуки.

– Нас не очекуваат следните години едни од најкритичните во делот на храната, во последните децении. Владата и Министерството за земјоделство донесоа интервентен и национален план за производство на храна и преку десетици мерки и политики, стратегии, закони и имплементирање на средствата, ние веќе го применуваме. Сметам дека во време на кризи се носат храбри и тешки одлуки, вели министерот.

Според Николовски, целта на новиот модел е да се субвенционира тоа што треба да се произведува.

-И националниот план и интервентниот фонд ги имаат за цели да се зголеми производството на храна, да се зголеми извозот на нашите производи и да се намали увозот на стратешките производи кои ги поддржуваме преку интервентниот фоднд. Не да се фокусираат фармерите да произведуваат нешто што се субвенционира. Во време на криза мора да дебатираме за овој нов модел. Сметам дека по расчистување на сите долгови наследени од минатото, на ред е за нов систем за субвенционирање во земјоделството, рече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…

(Видео) Прекината хуманитарната акција за семејството Николовски…

Хуманитарната акција за семејството Николовски од Кратово…

Вечерва хуманитарни “Тешки муабети” со Филип Петровски:…

Не прошуштајте ја денешната епизода на Тешки…

Кастриот Реџепи беше киднапиран на денот на…

Се работи за една влада која што…

Pacкол во СДСМ: Шилегов го кренал гласот…

Поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов бил воздржан…