(Видео) ТРОЈКА, за полуфинале на Македонија, леле луѓе што направивме: Пред 11 години Македонија ја покори Литванија
Денеска се навршуваат 11 години од најголемата победа во историјата на македонскиот репрезентативен спорт.
На 14 септември 2011 година во Каунас, македонската репрезентација ја победи Литванија со 67-65 и се пласира во полуфиналето од Европското првенство чиј домаќин беше оваа земја. Ниеден македонски национален тим, пред и потоа не успеа да го израмни или подобри ова достигнување.
Тројката што ја постигна Владо Илиевски на нешто повеќе од десет секунди пред крајот и ги скрши срцата на околу 15 илјади литвански навивачи во Жалгирио арената и околу три милиони во целата држава.
За десетгодишнината од најголемиот успех во историјата на македонскиот спорт, лани КОШ.МК и продукцијата Три Стар, со помош на Кошаркарската федерација и Олимпискиот комитет, направија документарен филм кој пред крајот на август доби награда на Меѓународниот фестивал за спортски филм што се одржа во Златибор.
Извор: Кош.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…